Од ВМРО ДПМНЕ со порака до граѓаните дека секогаш ги исполнува дадените ветувања и дека е партија која секогаш е со народот, што е појдовна точка кон развојот на едно општество, локална самоуправа и држава.
– Локалната самоуправа предводена градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ целосно се посветени кон подобрување на секој сегмент во градот Охрид. Токму поради тоа денес согледуваме целосно контрасна состојба помеѓу она што беше во времето кога СДСМ направи Охрид да е најзадолжена општина во Македонија.Од друга страна, за само една година ВМРО ДПМНЕ со градоначалникот Бакрачески направија Охрид да добие свој препород, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
Меѓу реализираните проекти кои придонесуваат кон подобрување на состојбата на градот, Митровиќ ги наведе проектите за подобрувањето на патната инфстрактура и реконструкција на патиштата во општината. Портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ потсети на асфалтирањето на улиците „Радојца Новичиќ“, „ Сирма Војвода“, „Богомилска“, „ Петрино“, „ Крум Точко“, на дел од улиците „АСНОМ“, „ Јане Сандански“, проширувањето на улицата „Ристо Чадо“, како и на асфалтирањето на улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и низ селските средини.
– Ова преставува само мал дел од подобрувањето на целосната инфраструктура на градот Охрид. Затоа ја прашуваме ОО на СДСМ, каде беа во нивните мандати да се присетат на подобрување на патната инфраструктура на градот?Познати ли им беа на СДСМ потребите на нивните сограѓани за подобро инфраструктурно уредување?, праша Митровиќ.
Тој потенцира дека градоначалникот Бакрачески, локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ своите ветувања ги изразуваат преку дела.
OhridNews