Отчетот како форма на транспарентност и блискост до граѓаните, ВМРО ДПМНЕ како партија го практикува и ќе го практикува кај сите свои функционери. Нема вистина без отчетност, нема успех без отчетност и нема иднина без отчетност, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
– Токму недостигот на отчетност на поранешната локална власт на СДСМ покажа дека од граѓаните на Охрид беше криена вистината за работата т.е неработата на раководителите на СДСМ. Токму немањето на чувство за одговорност кај СДСМ придонесе Охрид да настрада под налетот на урбанистичките штетни решенија, Охрид да потроши буџети без да се создаде дело. Отчетот беше мислена именка и за јавните претпријатија под раководство на СДСМ од кои повторно излегоа низа на неправилности, безцелни трошења и несработени работи, а оставени долгови, додаде портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Митровиќ истакна дека денес јасно се поставува прашањето за презадолженоста на Охрид и колку време ќе биде потребно тоа да се санира, се поставува фактот за неможноста да се санираат урбанистичките штети, се поставуваат прашањата дали ќе биде можно Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да застанат на нозе и да можат да ги остваруваат непречено активностите.
– Се поставува и прашањето зошто осум години во Охрид не се изградија објекти од јавен интерес, не се излезе во пресрет на граѓаните за основни комунални потреби и не се направија барем студии кои ќе го олеснеа пристапот до спроведување на потребите на Охрид. Затоа, отчетност во ВМРО ДПМНЕ била и ќе биде пракса во функција на јавно отворање пред јавноста на она што е сработено и она што треба да се сработи, рече Митровиќ.
Портпаролот потенцира дека следи период на спроведување на низа проекти во интерес на Охрид и граѓаните ,но и на туристите кои доаѓаат во градот.
OhridNews