На сите охриѓани им е јасно дека во овие 8 години на Охрид му се случи ТАТ . Охрид е новиот ТАТ предизвикан од Петрески и СДСМ, рече на денешната прес- конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

– Потрошените 8 буџети и 70 тина милиони евра без никакво капитално дело за Охрид , истовремено креираните 30 милиони евра долгови во име на Општината. купови на неисплатени фактури кои седат по фиоките , плаќања за лични потреби , огромни суми во непродуктивни дела по јавните претпријатија , недоделување на плати на вработените , сето тоа се изрази на класична пирамида и класичен создаден октопод кој што му се случи во Охрид. Овој содаден ТАТ во Охрид , охриѓани нема да го простат, додаде Митровиќ.

Тој рече дека со извесното доаѓање на новиот Градоначалник Бакрачески и мнозинството на Советот на општината од ВМРО ДПМНЕ , во Охрид ќе започне нова ера, но истовремено нема и да се заборави од она што се случувало во изминатите 8 години.

OhridNews