– Во недостиг на проекти и програми најнеспособниот Градоначалник и најнеспособната Локална самоуправа сака да обвини за тоа што е направена улицата Железничка и да искористи несреќи во политичка кампања. За жал не е првпат СДСМ и Петрески да уживаат во несреќите во Охрид. СДСМ и Петрески обвинуваат зошто се изгради ново крило на Болницата и манипулираат со некакви бројни случаи. Господо ако немате чест а имате проблем со нормалното расудување ,барем не играјте си со судбини и не лажете. Дури и за угинувањето на рибите за кое јасно е виновна „Проаква“ во новогодишниот „договор„ со нивните експерти и за тоа прават реклами. Уште едно политичко самоубиство од грб, израз во контекст на нивната морбидна кампања. Наместо да се занимавате со статистички податоци за посетеност на гробните места, требаше да го работите она за што бевте платени-да ги одржувате тие гробни места и да ги слушнете реакциите на охриѓани и нивното незадоволство од високите сметки за гробарина и пари од граѓаните за кои прашуваме дали безмилосно ги потрошивте на ручеци, сметки за мобилни телефони, патувања, репрезентации и кој знае за што уште не, освен за она за што тие беа наменети?, рече Митровиќ.
Тој до СДСМ и Петрески со порака- наместо да си играат со чувствата на луѓето и да ги манипулираат, да поделат плата за вработените во општинската администрацијата.
– Тоа се наши сограѓани кои вие упорно ги лажете, но ние нема да дозволиме да ги малтретирате и сме и ќе бидеме на нивна страна! Престанете она што овие денови стигнува како приход во касата на Општина Охрид да го делите за еден час на својата тајфа за предизборни цели и за да може си ги исплаќате гревовите, затоа што 8 годишниот грев кон Охрид што му го приредивте неможе да го исперете со ништо, додаде Митровиќ.