Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ ги остави своите соиграчи од Њукасл на цедило во мечот со Арсенал откако во 16-та минута доби директен црвен картон.
Напаѓачот кој сезонава го засили тимот на Њукасл непромислено остро стартуваше над Кокелин што од главниот судија Андре Маринер беше санкционирано со црвен картон.
Во четирите настапи за Њукалс сезонава Србинот има три жолти и еден црвен картон, а се уште нема погодено противничка мрежа за она што е доведен во колевката на фудбалот.
Ohridnews