По огромниот притисок со кој се соочи ФФМ и нејзниот генерален секретар Лазар Митровски, по написите за фалсификуваната диплома и кривичната пријава која ја заработи од МВР за истата, УО на ФФМ го прифати повлекувањето на Митровски од функцијата.

Според понудената документација Лазар Митровски со пропуст на Кадровската комисија од претходниот состав на УО на ФФМ е примен на функцијата со несоодветен степен на образование, спротивен со условите пропишани на тогашниот конкурс.

УО на ФФМ за в.д. ген. секретар го назначи (легендарниот) Илија Атанасовски. Останува да видиме дали Митровски е жртвено јагне и дали тој ќе биде единствениот кој го извлече подебелиот крај или лавината ќе продолжи . Во средата беше формиран инцијативен одбор за спас на фудбалот на чие чело е поранешниот меѓународен судија Емил Божиновски.

Мирко Постолоски