Наследената финансиска состојба на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ е загрижувачка, вели директор на ЈП за комунална дејност “Дебрца”, Јасмина Мицкоска.
-Со промената на раководството од претходната власт во јавното претпријатие е утврдена состојба на долгови како неподмирени обврски спрема добавувачите од околу 1 696 254 денари, а вкупните обврски по сите основи (обврски за даноци, придонеси, примени аванси од купувачи) изнесуваат 2 736 060 денари. Затекнатата ситуацијата во ЈПК “Дебрца” е загрижувачка, почнувајќи од немањето на основни средства за работа на вработените во комуналниот сектор, каде што на пример има само една метла, мал број на канти и контињери за отпад, па да не зборуваме за другите недостатоци. Тоа што не било инвестирано во претходните години, создава голем револт кај населенитето, кое постојано се жали за неажурноста и непрофесионалниот кадар со кое располага претријатието.-стои во писмената изјава директорката Мицкоска.
Таа истакна дека приоритет на јавното претпријатие е консолидација, се со цел тоа да пружа квалитетни услуги и да се грижи за јавната хигиена во Општина Дебарца.
OhridNews