Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата одржана денеска, едногласно заклучи дека Договорот за решавање на спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас, е комплетно спротивен на државните и националните интереси на Република Македонија, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Едногласно заклучивме и дека станува збор за решение кое што самото по себе е капитулантско и пратеничката група но и Извршниот Комитет беа едногласни и ги повторија веќе познатите позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во минатото, а тоа е дека нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име. Имено, не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок кој е дека ние ќе преземеме обврски под услов да ги реализираме, а каква обврска презема Грција и која е мерката што доколку Грција не ја реализира сопствената обврска. Третата која што денеска пред јавноста во Република Македонија, дилема ќе ја отворам е како тоа владата превзема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство? – истакна Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните кои, како што рече, имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ, да се придружат на протесниот марш што ќе го одржи најголемата опозициска партија во Битола во недела со почеток во 13 часот.
OhridNews