Поради намалување на водниот потенцијал, особено во овој период од годината кога издашноста на изворите е намалена, во одредени зони каде МЈП- Проаква врши водоснабдување се јавува недостиг на вода и значително намалување на притисокот, информираат од јавното претпријатие.
Оттаму потенцираат дека најсериозна причина за недостигот од вода за пиење, особено во наелените места Велгошти, Лескоец и Рача е нестручна регулација на линиските вентили на мрежата која самоволно ја врши месното население. Од МЈП Проаква нагласуваат дека ваквото бесправно користење на вода подлежи на санкции.
– Затоа апелираме за рационално и наменско користење на водата за лични, хигиенски и санитарни потреби, а не и за наводнување на дворови и ниви. Со еден таков однос кон водата ќе се овозможи нормално функционирање на системот за водоснабдување, со нормално и рационално искористување на сите технички капацитети, потенцираат од МЈП Проаква.












