Цената на водата во Охрид останува речиси на истото ниво како и до сега информира МЈП Проаква.
– Врз основа на Законот за утврдување на цени на водни услуги (Сл.весник на РМ бр.7/2016) и согласно Решението на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.УП1 бр.08-102/17 од 11.09.2017 година, Управниот одбор на МЈП Проаква Струга донесе одлука за утврдување на тарифи за вода на седницата одржана на ден 22.12.2017 година. Што значи носењето на одлуката е законска обврска на претпријатието. Цената на водата нема паушално да се одредува и зголеми, односно таа до сега изнесуваше 25,50 денари за кубик потрошена вода, а од месец јануари натака ќе изнесува 25,52 денари за кубик. – соопшти МЈП Проаква.
Од Проаква уште информираат дека цената на водата во Охрид е непроменета од 2001 година до денес.
OhridNews












