Мјузиклот “Коштана”, проект на Силвија и Влатко Плевнеш ќе биде изведен на затворањето на овогодинешните Струшки вечери на поезијата на 26-ти август. Станува збор за музика од претставата „Коштана“, во која Силви го портретира главниот лик за кој и беше прогласена за најдобра Коштана на Балканот.


Публиката во Струга, ќе може да ужива во богатиот фолклор, народни носии и музика, во изведба на четириесетина учесници во мјузиклот.

Мјузиклот „Коштана„, ќе биде изведен во Центарот за култура „Браќа Миладининовци“ во 21.30 часот.

OhridNews