Македонската кошаркарска федерација ги одбра Охрид и Струмица за домаќини на престојните европски првенства кои летоска ќе се играат во Македонија.


Претставничката на ФИБА Европа, Александра Хлавачек била задоволна од она што го видела при посетата на градовите домаќини за континеталните собири.

Македонија е домакин на ЕП “под 20“ години Жени, кое ќе се одржи во период од 8 до 17 јули, во Охрид, додека ЕП “под 16“ години Мажи е предвидено за 28 јули до 7 август во Струмица.


За Охрид и Срц “Билјанини Извори“ ова ќе биде втор пат во три години како е домаќин на ваквиот собир.

М.П.