Македонската кошаркарска федерација (МКФ) се соочува со одредени проблеми, откако никоја екипа не се пријави за организирање на завршницата од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Куќата на кошарката завршницата во Купот на Македонија ќе мора да ја организира во сопствена режија, а допрва треба да го избере градот домаќин и спортската сала.

Организацијата на завршницата од Купот на Македонија чини 500 000 денари, што очигледно е премногу за сите клубови во нашата земја.

OhridNews