21-годишниот Емануел Ортега почина во болница по две недели откако имаше страотен удар со главата во ѕидот покрај аут линијата од стадионот.
Фудбалерот на четвртолигашот Сан Мартино го загуби дуелот со покрупниот фудбалер од противничкиот табор и директно се удри во заштитната ограда.
Докторите две недели се бореа за неговиот живот, но не успеаја да го спасат младиот фудбалер од најлошото.
Иста ваква трагедија се случи во Хрватска пред осум години на мечот Задар – Цибалија каде животот го загуби Хрвоје Чустиќ.
Ohridnews