Шпанскиот стручњак на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во името на Олександер Зинченко доби ново засилување за сезона која доаѓа во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.


Зинчеко симпатии на Гвардиола ги освоил со допадливите игри за селекцијата на Украина која немаше забележителен настап на Европското првенство во Франција.

Украинецот е четврто ново име на Етихад откако клубот претходно ги ангажираше Илкај Гундоган, Арон Мој и шпанскиот репрезентативец Нолито.

Гвардиола и официјално почна со работа во Манчестер Сити собирајќи ги фудбалерите кои немаат обврски со репрезентациите.

До крајот на преодниот рок Гвардила и Сити ќе бидат активни на трансфер пазарот и за очекување е да ангажираат еден дефанзивец и еден играч со напаѓачки способности.

OhridNews