Дванаесет годишниот голфер наречен е „Tiny Woods“ откако успеал да погоди две дупки „од прва“ и тоа во една недела.
Детето, кое игра голф од својата втора година сега е во трка со својот татко Џереми, професионален голф играч кој во својата кариера има погодено пет такви погодоци.
„Играм голф од својата трета година. Сега имам 33 години а имам само еден таков погодок. Еден мал голфер да го направи тоа во една недела е малце непријатно. Кој знае, би можел да биде нов „Tiger Woods“, рекол неговиот тренер.
„Пресреќен сум. Беше смешно да се види изразот на лицето од мојот татко кога го повторив ударот по втор пат и успеав. Изгледаше тотално шокиран. Не можеше да верува“, рече талентираниот Бен.