Младата Меланиа Пентелашоски од охридско село Велгошти, го претстави музичкиот проект со наслов „Вечниот Бог“.

Музиката и аранжманот се дело на Христијан Латкоски – Даррус, а видеото е реализирано со поддршка од Бранко Тодороски. Посебна благодарност упатувам и до црковниот одбор, кој значајно придонесе за реализација на овој проект. Преку мојата работа сум посветена на промоција на македонската духовна музика и на споделување на убавините на Охрид со пошироката публика, вели Меланиа Пентелашоска.

OhridNews