Познатиот млад музички талент, 16-годишната охриѓанка Миланка Новеска , неодамна ја освои првата награда на натпреварот по соло пеење „Лазар Јовановиќ“,што се одржа во Белград.
Таа беше најдобра помеѓу големиот број пријавени пеачи од Словенија, Србија, Македонија и земјите од Балканот кои се претставија на Меѓународниот натпревар.
Новеска во изминатиот период освои уште две вредни награди на меѓународниот натпревар за камерна музика КМК 2012, а беше и третонаградена на Петтиот Меѓународен фестивал на соло пејачи „Бруна Шпилер“ кој се одржа во Херцег Нови.
Новеска со соло пеење се занимава од најмали нозе и постојано нижи успеси на националните и меѓународните натпревари.











