На неодамна одржаниот Меѓународен натрпревар за танц во Загреб, 10-годишната Моника Ристеска од Охрид, од Балетското студио Ана Савиќ, го освои високото второ место во категоријата fit-dance.

Младата охриѓанката задоволна од постигнатиот резултат, кој го заокружува нејзиното повеќе од четири годиншно изучување на балет и танц.

– Презадоволна сум од постигнатиот резултат и успехот на Моника, како и од организацијата на настанот. Моника настапуваше по прв пат и ова е навистина голем успех и за студиото,а  особено за неа како натпреварувач, вели инструкторот и сопственик на студиото, Ана Савиќ.

Во рамки на натпреварот се одржа и семинар за судии, при што Ана Савиќ доби сертификат за национален судија.

OhridNews