Со 88 гласа За, новинарот Младен Чадикоски е избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ, на Изборното собрание што се одржа денеска во Скопје. Тој доби 9 гласа повеќе од новинарот Столе Наумов.

На собранието учествуваа 175 новинари од околу 550 членови на ЗНМ. Oва беше причина да се оспори изборот на Чадикоски, бидејќи според тврдењата на членови, за да биде легитимен изборот на претседател согласно статутот на ЗНМ, потребно е на собранието да присуствуваат мнозинство од членовите.

Претседателската функција во ЗНМ до сега ја извршуваше Насер Селмани.

OhridNews