Вечерва на програмата на фестивалот “Охридско лето” е настапот на младите македонски уметници Софија Никоска – виолина, Христина Никоска- пијано, Катерина Бачевска- флејта и Дино Имери- пијано.
                  
Продолжува традицијата на фестивалот-  да им ја отстапува сцената на младите талентирани музичари. Овој пат станува збор за студенти, магистранти и дипломци на Факултетот за музичка уметност- Скопје. Тие се добитници на бројни меѓународни награди , забележани се на концертните подиуми, фестивали натпревари мастер класи.

Концертот ќе започне во 21 часот во црквата Света Софија. 

OhridNews