Синоќа во големата сала на општина Охрид се одржа хуманитарен концерт на младите музички таленти Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина.

Пред бројните присутни, тие изведоа дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.

Концертот се реализира во рамките на Фестивалот „Охрид те сакам“,  во организација на ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид.

Дел од собраните средства од влезниците кои чинеа 100 денари, се наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид, кое боледува од ретка болест и на кое му е потребна итна операција во Кина која чини 35 000 евра.

OhridNews