Во организација на Фестивалот ‘Охрид те сакам’, ЛК ‘Лихнидос’ и медиумската заедница од Охрид, во среда, 04.06.2014г. во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт.

Настапуваат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.

Почеток 19.00 часот.

Влез 100 ден.

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, на кое му е потребна итна операција во Кина која чини 35 000 евра.

OhridNews