Од 21-23 Април во Тревизо- Италија, се одржа XV Меѓунарoден натпревар “Giovani musicisti”. Оваа година учество зедоа млади музичари од над 15 држави од целиот свет ( Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др).
Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ “Методи Патче”, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди.
Од класата по пијано на Проф. М-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја Крстаноска освои висока прва награда во категоријата родени 2015 година. Додека, пак, ученичката Ана Кузманоска освои трета награда , во силна конкуренција од категоријата родени 2009-2011.
Од класата по флејта на Проф. М-р Нина Момировска, ученичката Ива Чанова освои трета награда, во категорија родени 2006-2008. Во оваа категорија беше доделена една прва награда, втората награда не се додели, а третата награда и припадна на нашата претставничка.
И покрај големата конкуренција и високите критериуми на оценување, сите три наши натпреварувачки беа забележани од реномираното жири кое им упати пофални зборови нив и на нивните ментори, како мотив и инспирација за идни достигнувања, – информираат од училиштето.
OhridNews