Викендов стартува новата сезона во Младинската Супер лига во ракомет, а меѓу екипите кои ќе го започнат натпреварувањето се и младинците на ГРК Охрид.

Охриѓани во рамки на првото коло ќе ги одмерат силите со РК Илинден на гостински терен. Натпреварот е закажан за в недела со почеток во 12:00 часот.

Во останатите натпревари од првото коло се среќаваат:

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер

Бутел – Еурофарм Пелистер 2

Алкалоид Ракомет – Вардар 1961

Младинците на ГРК Охрид со натпреварот против РК Илинден ќе ја имаат својата премиера во новата сезона, со желба уште на стартот да прикажат добра игра и да забележат позитивен резултат.

Пионерската екипа своите натпревари ќе ги стартува следната недела.

OhridNews