Втора година по ред скопски Младинец е противникот на охридската Билјана 006 во полуфиналето од женскиот куп. Охриѓанки вечерва во Делчево ќе се обидат преку Младинец да стигнат до второто финале во серија во националниот куп.


– Позитивна страна на овој куп е што се
одржува на неутрален терен и мислам  дека која екипа подобро ќе се
снајде таа и ќе победи. Паузата која ја имавме за Велигденските празници, ни овозможи да се консолидираме и да ја подготвиме победничка тактиката во одбрана и напад . Добро ја познаваме екипата на Младинец,  во досегашниот дел од првенството нашиот скор е изедначен 1-1
– вели капитенот на Билјана 006 , Весна Балазоска.

Охриѓанки во полуфиналето ќе влезат ослабени поради неиграњето на повредената Булоска и отсутната Тиловски, додека во тимот на скопјанки ќе има неколку повратнички. Они што ќе истрчаат на паркетот ќе го дадат максимумот истакна капитенот.

– Екипата на Младинец има подолга клупа, а во својот состав ги има и повратничките, Славица Димоска, која настапуваше во Грција и сестрите Хоџа кои се школуваа во Америка ,каде играа во американски колеџ. Од друга страна нашата екипа е со ослабена состав, и најголем терет во играта ке падне на првата петорка. Искрено се надевам дека моите соиграчки ќе имаат голем мотив и желба да стигнат до финалето – завршува Балазоска

Натпреварот Билјана  – Младинец се игра во 20 часот, додека претходно во првото полуфинале ќе играат екипите на Вигор Скопје и Нарконон Балкан од Кавадарци.

М.П.