Женската репрезентација до 20 години продолжува со подготовките во Охрид каде на осми јули го стартува настапот на Европското првенство. Oфицијалниот состав на Македонија од 12 кошаркарки на ова Европско
првенство уште не е дефиниран, а во конкуренција се повеќе млади
девојки.


„Ќе одработиме уште неколку тренинзи на кои особено ќе се
фокусираме на усовршување на одбраната, па на почетокот на наредната
седмица ќе ги избереме најдобрите 12. Имаме многу млади и талентирани
кошаркарки во конкуренција и иако ќе бидеме најмладиот состав на ова
првенство, имаме потенцијал да покажеме многу“, вели Милкова за официјалната веб страна на федерацијата.

Во групата А, заедно со Македонија се и Шведска, Португалија,
Бугарија и Унгарија. Селекторот Милкова потенцираше дека постојано се
информираат за противниците, а најголемите шанси ги гледаат против
Унгарија и Бугарија. Нашата репрезентација до почетокот на шампионатот
ќе се подготвува во Охрид, а првиот натпревар го игра на осми јули
против Португалија.


Ohridnews