Младински Центар Охрид организира Конференцијата посветена на младинското и женското претприемништво, која ќе се одржи утре, 11 ноември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.
Настанот е посветен на поттикнување на младинското и женското претприемништво преку споделување инспиративни искуства, практични совети и создавање можности за вмрежување. Конференцијата ќе обедини локални претприемачки, млади лидери и професионалци од различни области кои преку своите приказни и примери ќе ја поттикнат креативноста и акцијата кај младите, информираат од Младински Центар Охрид.
Панелистки на Конференцијата ќе бидат Тијана Цресензи – Product & AI Designer / основачка на Vinstreet
Моника Коцарева Ергиќ – модна дизајнерка / Atelier Kocareva и Емилија Алексијоска – архитектка / Studio77.
Програмата вклучува панел-дискусија на тема „Женско лидерство, креативност и иновација“, како и интерактивна сесија „Од инспирација до акција“ – mini speed-mentoring со младите, додаваат од Младински Центар Охрид.
OhridNews












