Дали младите кои студираат надвор од Охрид, не се враќаат назад во градот поради недоволно добри работни можности ?

Или можеби тоа е културниот и социјалниот живот. Немање избор за студии во својот град.

Но, доколку во иднина се сменат овие услови дали младите би останале во Охрид, не би заминале, или дури и тогаш нема да е таков случајот?

Ова се само дел од прашањата опфатени со анкетата што ја спроведува Младинскиот центар Охрид за трендот на иселувањето на младите од Охрид, а која може да се пополни на следниот ЛИНК.

Трендот на иселување во Охрид, започнува со изборот за високо образование, бидејќи нема доволно избор во самиот град, но секако дека и доколку студираат надвор од градот и сакаат да се вратат, во Охрид нема доволно добри работни позиции и повеќе работни можности кои нудат добри услови за живот за младите да се вратат.

Трендот на иселување продолжува со тоа што по завршување на образованието наоѓаат подобри можности во местото на студирање или пак некое друго место надвор од државата.

Во последните десеттина и повеќе години, бројот на иселени млади од Охрид е со најголем интезитет.

OhridNews