Денес и утре на големиот терен при СРЦ „Билјанини Извори“ се одржува младински фудбалски турнир „Охридски фудбалски надежи“.

На турнирот учествуваат 550 деца од генерацијата 2010-2015 од Охрид и регионот групирани во 36 екипи од охридските училишта, информираат од Општина Охрид.

Настанот за првпат се одржува годинава под покровителство на градоначалникот Кирил Пецаков и во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови.

OhridNews