Без Лионел Меси и Андрес Иниеста во составот Барселона беше пресилна за составот на Сарагоса. “Блауграната“ триумфираше со 3-0 на погонотот од младинската школа.


Во победата на Барса два погодоци постигна Мичел Тело додека третиот беше дело на Алкантара.

Претходно Атлетико Мадрид го торпедираше тимот на Гранада победувајќи го со 5-0. Два од петте погодоци беа дело на Фалкао, по еден гол запишаа Диего Коста, Гарсија и Филипе Луис.

Резултати : Сарагоса – Барселона 0-3, Атлетико Мадрид – Гранада 5-0, Рајо Валекано – Реал Сосиедад 0-2, Атлетик Билбао – Реал Мадрид

Табела : Барселона 81, Реал Мадрид 65, Атлетико Мадрид 65, Реал Сосиедад 54, Малага 50….

Мх.П.