Младинските екипи на Охрид Лихнидост имаа активен викенд во рамките на 6. коло, во кое забележаа две победи и еден пораз.
Младинската екипа на Охрид Лихнидост во саботниот натпревар претрпе пораз од Шкупи со 3:1. Единствениот погодок за охриѓани го постигна Филип Наумоски во 39. минута.
Кадетската екипа на Охрид Лихнидос со одличен пресврт го совлада Шкупи со 3:2. Иако на полувремето губеа со 1:0, охриѓани во вториот дел одиграа одлично и стигнаа до победата.
Наум Милошески погоди во 49. минута, Дамјан Стојаноски во 62. минута, а Матеј Новески во 87. минута за целосен пресврт и триумф на охриѓани.
Пионерската екипа на Охрид Лихнидост, пак, стигна до првата победа во првенството, совладувајќи го Шкупи со 2:1. Иако на полувремето имаа негатива, охриѓани во вториот дел направија пресврт. Михаил Маркоски постигна два гола, првиот од пенал во 67. минута, а вториот во 86. минута, за победа на својот тим.
По одиграното шесто коло, младинската екипа на Охрид Лихнидост се наоѓа на седмото место со освоени 6 бодови, пионерите се на единаесеттото место со 3 бодови, додека кадетската екипа на Охрид Лихнидос е на единаесеттото место со 4 бодови.
Во следното коло, младинската екипа го пречекува Вардар, додека кадетската и пионерската екипа ќе гостуваат кај Струга Трим Лум.
Табела Младинци: 1. Вардар 16, 2. Работнички 12, 3. Брегалница 2008 12, 4. Шкендија 12, 5. АП Брера Струмица 10, 6. Пелистер 7, 7. Охрид Лихнидос 6, 8. Македонија Ѓ.П 1932 6, 9. Шкупи-1927 3, 10. Тетекс 1953 1
Табела Кадети: 1. Пелистер 13, 2. АП Брера Струмица 13, 3. Вардар 12, 4. Шкендија 11, 5. Брегалница 2008 10, 6. Струга ТЉ 9, 7. Скопје 9, 8. Работнички 7, 9. Македонија Ѓ.П 1932 5, 10. Шкупи-1927 4, 11. Охрид Лихнидос 4, 12. Арсими 1973 3, 13. Тетекс 1953 0
Табела Пионери: 1. Пелистер 18, 2. Брегалница 2008 12, 3. Скопје 12, 4. АП Брера Струмица 11, 5. Работнички 11, 6. Вардар 9, 7. Арсими 1973 8, 8. Шкендија 7, 9. Шкупи-1927 6, 10. Македонија Ѓ.П 1932 3, 11. Охрид Лихнидос 3, 12. Струга ТЉ 1, 13. Тетекс 1953 0.
OhridNews












