Младинскиот состав на Охрид на пенали со 5-4 ја совлада соодветната селекција на Македонија ЃП и обезбеди пласман во наредната рунда од натпреварувањето во националниот куп. Во регуларниот дел мечот заврши 1-1, а стрелец за “рибарите“ беше Миленкоски во вториот дел.


 – Овај триумф ќе ни даде екстра мотив во продолжувањето на мечевите како во првенството така и во купот – рече Борче Џајкоски , предводникот на младинската селекција.


Претходно кадетите беа совладани од своите врсници со 2-0.

М.П.