Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години.
Од охридскиот клуб изразија задоволство од повикот за нивниот млад фудбалер, посакувајќи му успешни настапи во националниот дрес.
Честитки до Виктор за заслужениот повик! Му посакуваме многу успех и достојно претставување на ГФК Охрид Лихнидос во националниот дрес, соопштија од клубот.
Г.М.











