Младиот штрк кој беше спасен пред неколку дена во село Волино денес вратен во своето гнездо информира на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

По неколкудневното лекување штркот се врати дома, стои во објавата.

Штркот беше заплеткан во своето гнездо на училиштето во село Волино.

По симнувањето на штркот и извршената имобилизација на ногата повикана беше ветеринарна екипа од Зоолошката градина во Битола, а младиот штрк беше преземен за да продолжи неговото лекување.

Акцијата за спасување на штркот беше изведена со помош на електромонтерска екипа со специјалната дигалка и со помош на Јане Иваноски.

OhridNews

Спасен млад штрк заплеткан во своето гнездо во село Волино