Младите физичари од ООУ „Христо Узунов“ -Охрид, под менторство на наставничката по физика Вера Зороска, беа во посета на центарот „Нуга Бест“ во Охрид.
Со вкупно 27 изработки, демонстрации и експерименти со чие изведување на истите ја воодушеви комисијата и публиката ООУ „Христо Узунов“-Охрид учествуваше на 45тата Школа за млади физичари на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Беа освоени и многу награди, но поважно е тоа што учениците стекнаа знаења, вештини, пријателства и незаборавни моменти, велат од училиштето.
Посетата на „Нуга Бест“ центарот преку едукативно предавање и користење на третманите што ги нуди истиот, од топлинска терапија, стимулација на стапала, киропрактика на кревет со акупресура и екстензија и топлински душек, беа награда на учениците за нивната вложеност, креативност и покажаниот интерес и успех, во активностите поврзани со предметот физика, информираат од училиштето.
Потенцираат дека ова е еден позитивен пример на награда на посветените ученици, кој треба да го следат и други поединци и фирми во околината, со цел учениците да се мотивираат да творат и да се насочуваат кон вистински опшествени и животни вредности.
Инаку, „Нуга Бест“, како компанија нуди медицински третмани со помош на специјализирани медицински производи , комплетно помага за решавање на сите деформитети кај децата и спречување да прогресираат истите кај возрасните. Станува збор за јужнокорејска медицинска компанија која ги комбинира принципите на западната и алтернативната медицина. Компанијата „Nuga medical“ произведува медицински производи за превенција и подобрување на здравјето.Во светот постојат над 5.000 “Нуга Бест“ филијали во над 150 земји од светот. На дневно ниво се третираат над еден милион клиенти, а во домашни услови над два милиони.
OhridNews