Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години го одбранија тронот во Младинската лига победувајќи со 91-60 на гостувањето кај Ринија во Куманово.

Составот предводен од Тони Стојановски без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога и стигна до победа, вкупно деветта сезонава.

Во следната рунда младите „галебите“ на домашен терен ќе ги одмерат силите со тимот на Куманово. 

OhridNews