Светската банка регистирала близу 5 милиони емигранти во европските земји од југоисточна Европа, јавува „24 вести“.
 
Како што пишува медиумот, во најновиот извештај на организацијата се наведува дека емигрантите потекнуваат од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Една четвртина или 25,44 отсто од сегашното население на овие земјите моментално живее надвор од своите земји на потекло.  
 
Инаку, како што е наведено во извештајот, граѓаните  ги напуштаат овие земји во потрага по вработување или подобри перспективи во Европа.

„24 вести“