Викендов младите категории на ГФК Охрид Лихнидос ги очекуваат нови првенствени предизвици против екипата на Шкупи.
Први на терен ќе бидат младинците, кои во сабота ќе гостуваат во Скопје кај Шкупи. Натпреварот е закажан со почеток во 12:00 часот.
Охриѓани по пет одиграни кола имаат две победи и три порази и се наоѓаат на седмото место со шест бодови. Шкупи, пак, е на последното место без освоен бод.
Во недела, во рамките на 6. коло, на домашен терен ќе настапат пионерите и кадетите на Охрид.
Први на терен ќе излезат пионерите, кои својот натпревар против Шкупи ќе го одиграат на СЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 11:00 часот.
Пионерите на ГФК Охрид Лихнидос по пет кола се без освоен бод, додека Шкупи има шест бодови. Неделниот натпревар пред домашната публика е добра можност охриѓани да стигнат до своите први бодови во првенството.
Oд 13:00 часот, исто така на СЦ „Билјанини Извори“, ќе се одигра и кадетскиот дуел.
Кадетите на Охрид по пет кола имаат еден освоен бод, додека Шкупи има четири бодови. Охриѓани ќе се обидат на домашен терен да стигнат до позитивен резултат.
OhridNews












