„Што значи за Вас проширената Европска Унија?“ е насловен натпреварот за пишување, кој го организира Европската Комисија, а е неменет за младите од Европската Унија и земјите што се вклучени во процесот на нејзиното проширување.

-Во 2014 година се одбележува 10-годишнината од најголемиот циклус на проширување на ЕУ, со пристапувањето на десет земји. Денес перспективата на ЕУ е отворена за Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Исланд, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Во овој контекст, натпреварот ќе им овозможи на младите луѓе да ги споделат своите ставови за европските перспективи, се вели во Јавниот конкурс за натперварот, кој беше објавен деновиве.

На овој натпревар може да се пријават млади, на возраст од 15 до 25 години. Тие треба на напишат статија од најмногу 700 зборови или да имаат најмногу три објави на блог со вкупен фонд од 700 зборови. Натпреварот ќе трае до 11 мај 2014 година, а победниците ќе добијат дводневна посета на Брисел и е-читач.

Повеќе информации во врска со натпреварот и со условите за учество може да најдете на следниот линк: http://ec.europa.eu/enlargement