Концертот е резултат на 14 дневното дружење и работа на две групи музучари: млади композитори на современа електроaкустична музика (студенти по музичка технологија) од Холандија и млади композитори и музичари, изведувачи на акустични и традиционални инструменти од Македонија. Работилницата е иницијатива на композиторот Катерина Пејоска, професор по композиција на Факултетот по музичка технологија во Утрехт, Холандија. Организатори се Фондацијата Зои (Zoey Foundation for Arts and Culture) од Холандија и Културна лабораторија од Скопје, а во соработка со Јавна соба од Скопје и Фестивалот Охридско лето.
Проектот е во рамки на соработката помеѓу Република Македонија и Кралството Холандија на полето на музичката технологија.