Во Центарот за култура „ Григор Прличев“ , вчеравечер, со концерт младите музичари од Охрид се приклучија кон акцијата „ Заедно за спас на еден детски живот“. На сцената настапија Петар Маркоски, Бојан Трајчески, Ана Марија Кунеска, Кирил Нически, Антонио Малчески, Климент Јанкоски, како и најмладите охриѓанчиња од „ Распеано рибарче“.
Учесниците на концертот порачаа дека децата се најголемиот благослов и дар од бога, највредното и најдрагоценото нешто и затоа посакаа да бидат дел од хуманоста со која Охрид живее изминатиов месец дена. Организаторите најавија дека хуманитарниот концерт на млади музички имиња, ќе прерасне во традиционален настан.
Сите собрани средства и од овој концерт се наменети за хуманитарната акција што неодамна ја покренаа охридските новинари за лекување на 11 годишното охриѓанче во Пекинг.
OhridNews