Во организација на Агенцијата за вработување и Центарот од Охрид, во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Локалната самоуправа, денеска се одржаа презентација и информативни разговори со млади невработени лица до 29 години, кои активно бараат работа.

На средбата, младите невработени лица  беа информирани за мерките и активностите предвидени со Оперативниот план за 2014 година, кој покрај другото, ги опфаќа активните програми и мерки за вработување, мобилна апликација и отворање на инфо- клубови.

– Особено сме задоволни, што ваквата средба се одржува во општина Охрид  бидејќи ние како Локалната самоуправа  со нашите капацитети и стратешки определби настојуваме да помогнеме во создавање на услови за нови  вработувања  и намалување на бројот на невработените. Се надеваме дека реализирањето на Оперативниот  план на Агенцијата за вработување за 2014 година ќе ги потикне младите да ги користат сите современи програми и алатки за да дојдат до работно место- рече на средбата секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.  

OhridNews