Денеска во просториите на Црвениот крст Охрид, младите од Центарот за развој на животни вештини „Бреинобреин“-ЦК Охрид ги презентираа стекнатите знаења,  со кои на последниот  Државен „Бреинобраин“ натпревар успеаа да освојат 27 одличја, меѓу кои 10 пехари, 13 златни и 4 сребрени медалји.

Валентина Кузманоска, која четири години работи како инструктор во овој Центар, истакна дека децата преку програмата „Бреионбреин“ имаат можност да ја подигнат самодовербата, да ја развијат меморијата, концетрацијата и визуелизацијата, односно овие вештини да ги презентираат на еден национален натпревар.

По втор пат се оддржува овој нацинален натпревар од Бреинобреин програмата, во кој учестуваа 10 центри од земјава. Настанот имаше и интернационален карактер, бидејќи имавме учесници од соседно Косово. Нашиот центар „Бреинобреин“ ЦК Охрид, на овој натпревар беше застапен со 28 ученици во 12 категории, освојувајќи 27 одличја од кои 10 трофеи, 13 златни и 4 сребрени медалји.“ – истакна Кузманоска.

Една од главните вештини презентирани на дводелниот Државен „Бреионбреин“ натпревар, како што потенцира Кузманоска, претставува мултитаскингот, односно извршување на повеќе активности во исто време.

Првиот дел беше осмислен така да, за три минути да решат што поголем број на примери согласно нивото кое го поседуваат. Вториот дел беше наменет за демо-презентации, каде што како Центар бевме застапни со сеудм дечина. Тоа беше презентација  на суми со операциите собирање и одземање. Она што е значајно е мултитаскингот, односно истовремено решавање на две суми и пеење, односно изведување други активности.“ – додаде Кузманоска.

Родителите на младите кои се дел од Центарот за развој на животни вештини „Бреинобреин“-ЦК Охрид, велат дека програма позитивно влијае на нивните деца.

Син ми е ученик во четврто одделение, и покрај обемната материја на училиште успева за многу кратко време да ги научи и совлада сите предмети. Оваа програма му олеснува многу во брзината на совлдаување предмети, а концетрацијата е апсолутно присутна и се рефелектира во учењето. Децата се стекнуваат со самодовреба, односно при јавните настапи ја на еден начин ја потиснуваат тремата и срамот.“ – вели Билјана Попоска.

Инаку, во Центарот за развој на животни вештини „Бреинобреин“-ЦК Охрид работат девет групи и тоа од прво до седмо ниво.

О.Т.