Масовно, демократски, во позитивна атмосфера младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид на одлично организиран изборен процес избраа Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, координативно тело и претставник од Клубот на млади при Црвен крст Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија.

Во наредниот двегодишен мандат Анастасија Стојаноска и Гзим Демироски ќе ги предводат младите на Црвен крст Охрид  во спроведување на хуманата мисија на движењето, во справување со нови предизвици, надградувајќи се себеси и заедницата и помагајќи на оние на кои помош им е најпотребна.

Упатуваме честитки на избраните Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, на членовите на координативното тело и на претставникот од Клубот на млади на Црвен крст Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија. Воедно изразуваме голема благодарност и признание на ангажманот и посветеноста на мисијата на движењето на Црвениот крст на досегашните Лидер, Ристе Лекоски и Заменик Лидер, Бисера Николоска, велат од општинскиот Црвен крст.