Покрај членовите на невладината организација ,,Уфук„ на овој камп присуствуваа млади од други невладини организации кои се преставници на македонската, албанската и бошњачката етничка заедница. Невладината организација ,,Уфук„ која за прв пат организираше камп со мешан етнички состав даде порака за единство помеѓу младите.

Тема на кампот оваа година беше комуникацијата и дијалогот помеѓу културите. За време на кампот беа остварени посети со градоначалникот на општина Шаркој Сулејман Алтинок, гувернерот (кајмакам) на општина Шаркој Зекерија Гунај и градоначалникот на општина Мурефте Илхан Кочер.
– Македонија е држава во која жиеваат повеќе етнички заедници и тие треба да живеат заедно, ние се почитуваме еден со друг и така се обидуваме да бидеме преставени. Од овде т.е. од Шаркој сакаме да дадеме порака за единство. Ние младите од Македонија знаеме да живееме заедно. Проблемите со кои се среќаваат младите се заеднички и тие не би требало да бидат претставени како средство кое може да се користи во политиката. Младите доколку работат заедно, проблемите ќе исчезнат и ќе се изнајдат решенија. Младите не би требало да се поделат врз основа на етничката и верска припадност. Ние овде денес во Шаркој дојдовме заедно со преставници од сите етнички заедници во Македонија, истакна на средбите претседателот на невладината организација ,,Уфук„ Енес Ибрахим.

Учесниците на кампот покрај Шаркој имаа прилика да ги посетат и помалите општини како што се; Мурефте, Учмакдере, Гелиболу но и поголемите градови Текирдаг и Истанбул. Младите учесници на кампот од Македонија имаа можност да уживаат на плажите со сини знамиња и да се капат, покрај тоа беа посетени и историските знаменитости значајни за Гелиболу и музеите во Текирдаг.












