Оваа сабота, Медиа арт клубот на МОФ Струга заедно со своите членови, организираше перформанс во центарот на Струга под мотото „Младите активисти од Струга, со порака кон своите врсници”.

Целта на настанот кој беше составен од марш и драма, беше да им се пренесе на младите да се вклучат во општеството, да се активираат и да го употребуваат потенцијалот со кој располагаат.

Маршот започна на почетокот на чаршијата се до чаршискиот мост каде што се изведуваше драмата, по завршетокот на драмата младите активисти повторно маршираа по кејот на реката Црн Дрим. Овој перформанс беше дел од претходниот настан на Медиа арт клубот “Разбуди се, активирај се!” – велат од Медиа арт клубот.

Инаку, перформансот се изведуваа на македонски и албански јазик, под мотото „Бидете активна младина!“.

OhridNews

Целта на ова е да им се пренесе на младите да се вклучат во општеството, да се активираат и да го употребуваат потенцијалот со кој располагаат, тие да бидат промената која сакаат да ја видат во светот