
Целта на проектот беше учениците да соработуваат со претприемачите кои преставуваат нивни идоли во светот на бизнисот и прептриемништвото. Проектот беше реализиран со отворена средба на учениците со претприемачите,со цел да ја дознаат нивната бизнис приказна, да изготват есеј за неа, а воедно секој изготвуваше и мал сертификат за својот идол, како знак на благодарност за соработката.
На денот на настанот ќе бидат презентирани бизнис приказните од страна на учениците и ќе им бидат врачени сертификатите на претприемачите.
Промоцијата ќе се одржи во 18:00 часот,во националната установа Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид.











