Околу педесетина рекреативци од охридските основните училишта зедоа учество на велосипедскиот крос кој во рамки на програмата ,,Спорт за сите-здравје за сите,,  го организира Младинскиот Cовет на Охрид. Покрај велосипедскиот крос на терените кај хотелот Застава се играше фудбал, кошарка, одбојка, хокеј на трева, тенис.

Спортскиот викенд продолжува денес со планинарскиот излет Охрид – Рамне- Охрид, на кој учесниците во придружба на планинарски водич, ќе имаат можност да се запознаат со основните вештини и техники за движење во планина, исхрана во планина.


Ohridnews