Преку инсерти од филмот ,,Лилија засекогаш“, преку врсничка едукација со моделот на театар и посочување на конкретни вистински случки од искуството на вработените во релевантните институции учениците се запознаа со проблематика и начините на кои можат да се самозаштитат.Како што потенцираат надлежните, најдобрата превенција од ова зло е едукацијата на младите кои и најчесто се жртви на трговијата со луѓе.
Во рамки на активностите по повод одбележувањето на Неделата на борба против тргоовија со луѓе волонтерите на клубот на млади при општинскиот Црвен крст спроведоја и работилница , а се реализира и типизирано предавање на класниот час во основните и средни училишта во Општините Охрид и Дебарца.
Годинава во Македонија се регистрирани 11 жртви на трговија со луѓе, од кои шест се малолетни, а две се странски државјанки. Кривично биле пријавени 36 лица за трудова и сексуална експлоатација од кои 11 веќе биле осудени на казна затвор.